Мрежата на асоцијации на локални власти во Југоисточна Европа (НАЛАС) усвои политика за родова еднаквост на локално ниво

Во изминатите две години, UN Women обезбедуваше експертска и техничка поддршка на НАЛАС за зајакнување на нивните институционални капацитети во сферата на родовата еднаквост и интегрирањето на родовите аспекти во процесите на градењето на локалните политики. Како резултат на овој процес и во согласност со стратешките цели на НАЛАС за промоција на родовата еднаквост на локално ниво, НАЛАС разви документ кој ги донесува нивните политички позиции за унапредување на родовата еднаквост. Преку овој документ, се демонстрира нивната цврста заложба и волја да се осигура дека родовата свесност и родовата сензитивност се вклучени и разбрани од сите чинители и дејности во рамките на асоцијацијата на локалните власти. Политичките позиции на НАЛАС за промоција на родовата еднаквост формално беше усвоена од страна на делегатите на Генералното собрание на НАЛАС кое се одржа во Приштина, на 14-ти и 15-ти април 2016. Во оваа прилика, Претседателот на НАЛАС, г-нот Наим Исмаили, изјави:&nbsp; „Прифаќањето на демократијата е првиот од основните принципи и вредности на НАЛАС. Ние сме отворени, повеќејазичени, мултиетнички и мултикултурни. Ние промовираме еднаков развој на руралните и урбаните општини, младите и старите, мажите и жените. Во овој контекст, ние ги разбираме родовите различности помеѓу мажите и жените како социјално конструирани, ограничувајќи ги женските и машките капацитети и создавајќи родови разлики. Ова е сериозна пречка за индивидуалците да ги практикуваат своите човекови права и заедниците целосно да се развијат и да напредуваат.“&nbsp; &nbsp;Политичките позиции на НАЛАС вклучуваат специфични акции за да се постигне родовата еднаквост на локално ниво, ставајќи акцент на собирањето и употребата на родово-разделените податоци. Се очекува дека сите институции и организации во рамките на асоцијацијата да одиграат активна улога при усвојувањето и имплементирањето на родовите политики. За да се осигура ефективна имплементација на овие политики од страна на сите членови, Комитетот на Извршниот одбор на НАЛАС има намера да усвои план за имплементација и Секретаријатот на НАЛАС ќе има задача да известува за постигнатиот напредок на годишно ниво. Дополнително, на Генералното собрание на НАЛАС, освен усвојувањето на нивните политички позиции, НАЛАС го промовираше и петтото издание на Извештајот за фискална децентрализација за Југоисточна Европа. За првпат беа претставени збир индикатори во процесот на собирање податоци и извештајот беше проширен со ново поглавје за воведување на родовата перспектива во главните политики и текови на фискалната децентрализација. „НАЛАС стана еден од клучните партнери на UN Women во имплементацијата на регионалнито проект „Промовирање на родово одговорни политики во Југоистолна Европа и Република Молдова“. Во&nbsp; изминативе две години, ова значајно партнерство резултираше во опсежно зајакнување на капацитетите на работните групи на мрежата и зајакнување на нивната улога како промотор на родовата еднаквост и донесувањето на родово одговорни политики на локалните власти во регионот“, истакна г-ѓа Ермира Лубани, регионална проектна менаџерка на UN Women.<br>

Зацврстување на врската координаторот за еднакви можности со Комисија за еднакви можности за унапредување на родовата еднаквост во општините

На 10 и 11 мај, 2018 во ЗЕЛС Тренинг центарот се одржаа две еднодневни обуки за координаторите за еднакви можности и членови на Комисијата за еднакви можности во општините. Фокус на обуката беа родовите политики и родово одговорно буџетирање на локално ниво кои се во рамките на проектот „Зајакнување на капацитетите на општините за родови политики и родово одговорно буџетирање“, што ЗЕЛС го спроведува со поддршка на UN Women канцеларијата во Скопје. Марија Ристеска и Мемет Мемети кои беа обучувачи на оваа тема се осврнаа најнапред на националните политики за родова рамноправност и влезните точки за вклучување на родовите аспекти во локалните политики. Зборуваа за законот за еднакви можности и обрвските кои ги имаат општините, како и за видовите на мерки за еднакви  можности и потребата од системско вклучување на жените и мажите во процесот на креирање, следење и спроведување на политиките и буџетот. Овде беше потенцирана важноста од комуникација и соработка на координаторот за еднакви можности и Комисијата за еднакви можности кои треба заеднички да работат за зголемување на активностите и повидливи резултати на ова поле. Низ вежби беше преставен процесот на развој на една програма во општината во која треба да е внесена и родовата перспектива каде воедно се разменија и примери од општините. Кои прашања треба да ги постават советниците кога се носат одлуки за да се воведе родовата перспектива во локалните буџети побуди дискусија кај учесниците во двата дена на обуките. Особено беше значајно ова прашање бидејќи членовите на Комисијата се на почеток на мандатот и ова искуство им е значајно за да може да имаат влијание во ова поле при креирањето на оштинските одлуки и политики. Во вториот дел од обуката се зборуваше за родовото одговорно буџетирање како концепт, кои механизми се применуваат во земјата, а се претставија и примени од други држави. Беа претставени и начините на следење на активностите, но и  кој може да учествува и кои алатки да се користат за оваа намена. Родова статистика и начинот на собирање на податоци, за што се може да се собираат и како да се систематизираат, но уште поважно како понатаму да се користат тие податоци беа претставени во вториот дел од обуката и дискутирани заедно со учесниците. Примери за родово разделена статистика и кои се статистичките трендови беа теми опфатени на обуките.  За крај беше акцентирана важноста на соработка на координаторот за еднакви можности и Комисијата за еднакви можности и начините на комуникација и координација, а со цел поголема вклученост на општината во креирањето на родови политики и родово одговорно буџетирање. Со оваа активности беа опфатени сите општини без разлика на нивното ниво на напредок во оваа област, со цел размена на информации и пракси, воспоставување на комуникација меѓу општините и зголемена соработка. На крај, им беше посочена можноста од соработка со Работната група за родова еднаковост на ЗЕЛС во која членуваат искусни и обучени кооординатори за еднакви можности кои заедно со ЗЕЛС ќе може да им помогнат на помалку искусните општини во ова поле.