Во изминатите две години, UN Women обезбедуваше експертска и техничка поддршка на НАЛАС за зајакнување на нивните институционални капацитети во сферата на родовата еднаквост и интегрирањето на родовите аспекти во процесите на градењето на локалните политики. Како резултат на овој процес и во согласност со стратешките цели на НАЛАС за промоција на родовата еднаквост на локално ниво, НАЛАС разви документ кој ги донесува нивните политички позиции за унапредување на родовата еднаквост. Преку овој документ, се демонстрира нивната цврста заложба и волја да се осигура дека родовата свесност и родовата сензитивност се вклучени и разбрани од сите чинители и дејности во рамките на асоцијацијата на локалните власти. Политичките позиции на НАЛАС за промоција на родовата еднаквост формално беше усвоена од страна на делегатите на Генералното собрание на НАЛАС кое се одржа во Приштина, на 14-ти и 15-ти април 2016. Во оваа прилика, Претседателот на НАЛАС, г-нот Наим Исмаили, изјави: „Прифаќањето на демократијата е првиот од основните принципи и вредности на НАЛАС. Ние сме отворени, повеќејазичени, мултиетнички и мултикултурни. Ние промовираме еднаков развој на руралните и урбаните општини, младите и старите, мажите и жените. Во овој контекст, ние ги разбираме родовите различности помеѓу мажите и жените како социјално конструирани, ограничувајќи ги женските и машките капацитети и создавајќи родови разлики. Ова е сериозна пречка за индивидуалците да ги практикуваат своите човекови права и заедниците целосно да се развијат и да напредуваат.“ Политичките позиции на НАЛАС вклучуваат специфични акции за да се постигне родовата еднаквост на локално ниво, ставајќи акцент на собирањето и употребата на родово-разделените податоци. Се очекува дека сите институции и организации во рамките на асоцијацијата да одиграат активна улога при усвојувањето и имплементирањето на родовите политики. За да се осигура ефективна имплементација на овие политики од страна на сите членови, Комитетот на Извршниот одбор на НАЛАС има намера да усвои план за имплементација и Секретаријатот на НАЛАС ќе има задача да известува за постигнатиот напредок на годишно ниво. Дополнително, на Генералното собрание на НАЛАС, освен усвојувањето на нивните политички позиции, НАЛАС го промовираше и петтото издание на Извештајот за фискална децентрализација за Југоисточна Европа. За првпат беа претставени збир индикатори во процесот на собирање податоци и извештајот беше проширен со ново поглавје за воведување на родовата перспектива во главните политики и текови на фискалната децентрализација. „НАЛАС стана еден од клучните партнери на UN Women во имплементацијата на регионалнито проект „Промовирање на родово одговорни политики во Југоистолна Европа и Република Молдова“. Во изминативе две години, ова значајно партнерство резултираше во опсежно зајакнување на капацитетите на работните групи на мрежата и зајакнување на нивната улога како промотор на родовата еднаквост и донесувањето на родово одговорни политики на локалните власти во регионот“, истакна г-ѓа Ермира Лубани, регионална проектна менаџерка на UN Women.<br>