Наративен извештај за реализираните активности во текот на 2025 година, поврзани со имплементацијата на Стратегијата за родова еднаквост 2022–2027

ЗЕЛС е посветен на интегрирање на родовата еднаквост во локалните политики и буџет преку зајакнување на капацитетите на општините, информирање на општините за националните програми и политики, координација со релевантните институции и организации, а работи и на имплементирање и усогласување на меѓународни документи и нивна локализација.
Во согласност со активностите од Акцискиот план за 2025 година за имплементацијата на Стратегијата за родова еднаквост 2022–2027, каде ЗЕЛС е водечки орган беше изработен извештај, а податоците се претставени во табела. Во табелата се претставени податоци разделени по пол, следејќи ги индикаторите постaвени во Стратегијата за родова еднаквост 2022-2027. Овие податоци се обработени од вкупно 80 општини, освен податоците од Општина Врапчиште каде се организираше избор на градоначалник на 11 јануари, 2026 година. Истите ќе бидат дополнети по доставување од општината.
Според индикаторите кои се дел од Стратегијата може да се заклучи дека има мало поместување во застапеноста на жени градоначалнички, за разлика од претходниот мандат на градоначалници. Останатите бројки на жени советнички и претстедателки на совет е во рамките на законските квоти или т.н. “стаклен плафон“ и не се разликува многу во однос на претходните мандати.

 

2.4.3 Зголемено учество на жените во креирањето на локалните политики и буџети, особено ранливите категории жени (Заложба 50-50) Родово разделени податоци за избрани функционери/ки (ЗЕЛС)

 

 

ЗЕЛС  МЛС 2025 К2 2027
К4
Нема фискални импликации Буџет на ЗЕЛС Жени (%) избрани градоначалнички

4 жени градоначалнички или 4,93%

Жени (%) кандидатки за градоначалници

32 кандидатки или 10,35%
 
Жени (%) што водат општински совети

21 жена претседателка на совет или 25,9%
 
 Членови на општински совети, по пол

853 мажи и 453 жени